Dave’s Kitchen: Чоколаден тарт

Оваа недела заедно со Давор приготвуваме вкусен чоколаден тарт.

Потребни состојки:

  • 300 гр. брашно
  • 200 гр. путер ладен исечкан на коцки
  • Прстофат сол
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 жолчка
  • 10мл вода (по потреба)

За филот:

  • 300 гр. чоколада со минимум 60% какао делови
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 100 гр. путер
  • 150 мл. млеко или слатка павлака
  • прстофат сол
  • 1 лажичка инстант кафе

Начин на подготовка:

Од путерот и брашното формирајте тесто со структура на песок. Додадете ги солта, ванилата и жолчката. Доколку вака формираната смеса не се формира во тесто додадете 10 мл. вода. Убаво замесеното тесто, ставете го во хартија за свежа храна и оставете го во ладилник да одстои минимум 45 минути.

Во тавче за тарт обложете го тестото, кое претходно ќе го расукате во округла кора дебела речиси 1см. Доколку немате тарт тавче можете да го направите истиот рецепт во округло тавче, формирајќи крави на страните за да може филот да се задржи.

Пред да го испечете додека рерната се загрева на 190 степени, тавчето вратете го во ладилник убаво да се олади и да се стегне. Пред да го ставите во рерна избодете го на неколку места со виљушка.  Печете околу 10-12 минути. Изладете го комплетно пред да го ставите филот.

Филот ќе го приготвите така што сите потребни состојки ќе ги ставите во длабок сад и растопете ги на пареа. Промешувајте константно додека кафето и другите состојки комплетно не се стопат.

Вака подготвениот фил од чоколадо ставете го во изладениот испечен тарт и декорирајте со исечкани ореви на краевите. Оставете комплетно да се излади и стегне околу 3-4 часа.

Добар апетит и забавно готвење!

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби