Придобивки од јадењето морска храна

Морските плодови се извор на есенцијални аминокиселини, а воедно и на омега-3 масни киселини кои влијаат поволно на здравјето на срцето и целокупниот кардиоваскуларен систем. Но, тоа не е единствената причина поради која би требало почесто да консумирате морска храна.

1) Таа е одличен извор на протеини...

За градење и заздравување на мускулите, потребна ни е храна богата со протеин. Морската храна е полна со хранливи материи, а има малку калории. Изобилува со многу протеин, но и состојки како цинк, Б витамини, селен, холин, фосфор, бакар, витамин Д и витамин Е.

2) И на хем железо

Предноста на консумирање протеин од животински извор е присуството на хем железото, кое е повеќе биорасположиво од не-хем железото од растителните протеини. Тоа значи дека ова железо, кое игра важна улога во преносот на кислород во крвта, подобро и побрзо се апсорбира од извори како морската храна, а остригите, школките, лососот и туната се најбогати со него.

3) Најдобро е да се јаде разновидна морска храна

Разновидната исхрана составена од морска храна ќе ви овозможи пристап до најважните хранливи состојки, притоа минимизирајќи ја изложеноста на жива, која ја има во овој вид на храна. Се препорачува таа да е дел од исхраната барем 2-3 пати неделно во порции од по 85-115gr, а доколку сте загрижени за внесот на жива, тогаш се препорачува да јадете лосос, ракчиња, туна, бакалар или сом.

4) Го намалува ризикот од срцеви заболувања

Морската храна е богата со масти кои го прават срцето поздраво. Од овие незаситени масти, таа е најдобар извор на Омега-3 – „добрите“ масти кои го зголемуваат HDL холестеролот и го намалуваат нивото на триглицериди и на талогот во крвните садови кој може да предизвика блокади на дотокот на крв во срцето. Најбогати со Омега-3 се лососот, сардината, скушата и туната, па обидете се тие да бидат редовен дел од вашата исхрана.

5) Резултира со позитивно здравје на новороденчињата

Внесувањето на Омега-3 за време на бременоста е докажано дека игра важна улога во развојот на детето пред раѓањето, особено за очите и мозокот. Бремените жени како и доилките треба редовно да внесуваат морска храна, избегнувајќи ја онаа која има повисоки нивоа на жива.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби