Dave’s Kitchen: Велигденска погача

Во чест на претстојните велигденски празници, пригответе прекрасна и превкусна Велигденска погача.

Потребни состојки:

  • 1 кгр. брашно
  • 1/2 квасец
  • 3 белки
  • 100 мл масло за јадење
  • 400-450 мл. млако млеко
  • Сол
  • 3 лажички шеќер
  • Семиња по вкус за декорација
  • 1 жолчка за премачкување

Начин на подготовка:

Замесете тесто од сите состојки освен од семињата и жолчката. Оставете го тестото да стаса околу 1 час на собна температура.

Поделете го на три еднакви делови. Од едниот дел расукајте  „црево“, или ролат во големина колку што е тепсијата и ставете го во тавчето за печење близу рабовите на тавчето, претходно премачкано.
Вториот дел од тестото поделете го на половина, повторно оформете црево, ролат и ставете го до првиот ролат во округла форма. Од другиот дел оформете топче и ставете го во средина на тестото.

Третиот дел од тестото поделете го на половина и од едната половина исечете 4 парчиња, секое расукајте го во округла форма големо колку чинија  и премачкани со путер помеѓу секое,  ставете ги едно врз друго. пресечете ги на 8 еднакви делови.

Секој триаголник засечете го во средина и врвот протнете го во засечениот дел формирајќи крак.
Постапката повторете ја и со другата половина од тестото така што ќе оформите 16 краци. Наредете ги сите краци од тестото низ погачата со врвите нагоре и оставете да стаса околу 20 минути. Премачкајте ја  погачата со жолчка и нанесете ги семињата. Печете на 180 степени околу 35 минути.

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби