Американски палачинки со интегрално брашно и карамелизирани банани! Зарем не звучи доволно примамливо за да ги направите?!
Потребни состојки:
За карамелизираните банани
- 2 големи банани исечкани долгнавесто на покрупни парчиња
- 3 лажици кафеав шеќер
За смесата за палачинки
- 200 гр. интегрално брашно
- 1 лажичка сол
- 2 лажици шеќер
- 2 лажички прашок за печиво
- 370 мл. млеко
Начин на подготовка:
Пресечените парчиња банана извалкајте ги во кафеав шеќер така што ќе треба да бидат покриени од сите страни. Ставете ги во тавче на најгорниот дел од рерната и карамелизирајте ги околу 2 -3 минути. Рерната претходно загрејте ја на 220 степени.
Промешајте ги сите состојки за смесата и започнете со пржењето на палачинките на средината од загреано тавче, од прилика по 3 минути од секоја страна.
Сервирајте во чинија, одозгора ставете од карамелизираните банани и декорирајте со кршени ореви и јаворов сируп или мед.
Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна Dave’s Kitchen.