Храна со која скришно внесувате повеќе шеќер

Голем дел од храната која ја јадеме во изобилство сметајќи дека е здрава и “безопасна“ во однос на зголемување на телесната тежина, всушност е богата со шеќер кој го предизвикува токму спротивниот ефект – зголемување на тежината и влошување на здравјето. Еве дел од таквата храна која треба да внимавате во кои количини ја внесувате:

1) Гранола

Синонимот за здрав појадок и не е баш толку здрав, бидејќи често пати во него има додадено сируп од кафен ориз или пченка, меласа, испарен сок од трска и сл. Ако, на пример, на амбалажата пишува дека една доза т.е ¼ шолја гранола има само 8 грама шеќер, тоа значи дека во себе внесувате минимум 16 грама во еден оброк, бидејќи ретко кој јаде толку мала количина колку што е предвидената доза

2) Протеински барови

Протеинските барови се чест избор на оброк по тренинг во теретана, но многу од нив содржат повеќе шеќер отколку обични бонбони.

Во состојките често пати се додава сируп од ориз или трска за да се подобри вкусот, како и шеќерни алкохоли како глицерин и малитол – тие се користат во протеинските барови за да ја намалат количината на шеќер, меѓутоа не се воопшто добри за стомакот.

3) Сос од домат

Дури и во домашниот сос од домат се додава шеќер за да се потенцира слаткоста на доматите, но проблемот е што полно од купечките сосови изобилуваат со шеќер – помеѓу 7 до 12 грама во доза, што е повеќе од она што го содржат разни житарки, особено оние наменети за деца.

4) Преливи за салата

Салатата во било која комбинација има одлични нутриционистички вредности, меѓутоа се тоа пропаѓа доколку ја „потопите“ во прелив кој во најголемиот број на случаи не е ништо повеќе од еден вид на течен шеќер.

Клучна состојка од многу преливи е високо фруктозниот пченкарен сируп, а оние безмасни преливи со ознаката „light“ или “fat free” содржат уште повеќе шеќери. Затоа, ако веќе планирате да додадете прелив во салатата, се препорачува тој да содржи 4 или помалку грама во една доза, која вообичаено изнесува две големи лажици, а внимавајте и да не ја преминете таа доза, колку тешко да звучи тоа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби