Dave’s Kitchen: Киноа со зеленчук

Супер вкусно, лесно и брзо јадење за подготовка. Се подготвува за 20 минути, не содржи глутен и е погодно за вегетаријанци. Одлично е додека е топло, но и кога е изладено.

Потребни состојки:

  • 1 шолја (од 200 мл.) киноа

  • 2 шолји вода

  • 1 коцка зеленчукова супа

  • 2 лажици маслиново масло

За зеленчуковиот сос:

  • 3-4 лажици маслиново масло

  • 3-4 моркови исечкани на коцки

  • 1/2 шолја грашок

  • 1 лажица мешан сув зеленчук

  • 1 мала тиквичка исечкана на коцки

  • 2 јајца изматени со виљушка (опционално, доколку сакате да биде целото јадење веганско тогаш исклучете ги јајцата)

  • Сол по вкус

  • 3-4 млади кромитчиња исечкани ситно

  • Маслинки за декорација

Начин на подготовка:

Во тенџере на оган, ставете ја киноата, водата, маслиновото масло и коцката супа. Почекајте смесата да зоврие и поклопете со капак. Исклучете го огнот и оставете 15 минути киноата да ја впие целата течност.

Додека тоа се готви, на тава на оган ставете го маслиновото масло, исечканиот морков, тиквичката и грашокот. Пропржете околу 5 минути. Додадете го мешаниот сув зеленчук. Промешајте и на едната страна од тавата префрлете го целиот зеленчук, на празната страна од тавата ставете ги изматените јајца и со дрвена лажица промешувајте додека не добиете парчиња испржени јајца. Соединете ги сите состојки заедно, јајцата и зеленчукот. Зготвената киноа префрлете ја во тавата и убаво промешајте да се соединат сите состојки.

Сосема на крајот додадете го исечканиот млад кромид, промешајте и веднаш тргнете на страна. Не дозволувајте кромидот да се пржи туку да остане свеж. Тоа ќе даде свежина на целото јадење.

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби