Dave’s Kitchen: Мини Павлови десерт за секоја прилика

Овие мини торти се идеални доколку сакате на елегантен начин да го привлечете вниманието на вашите гости. Одличен десерт за летниот период, лесен за подготовка и консумирање.

Потребни состојки:

  • 8 белки на собна температура
  • Прстофат сол
  • 500 гр. шеќер
  • 1 лажичка алкохолен оцет
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 500 мл. слатка павлака
  • Овошје по желба за декорација

Начин на подготовка:

Во сад со електричен миксер изматете ги белките заедно со прстофат сол. Кога ќе започнат да создаваат пена, додадете го шеќерот постепено. Матете ја целата смеса додека не се растопи шеќерот комплетно (околу 15 минути).

Кога шеќерот ќе биде растопен, додадете го оцетот и ванилата. Добро промешајте околу 1 минута. Со помош на голема лажица нанесете од изматените белки формирајќи мини тортички на тава обложена со хартија. Од оваа доза излегуваат околу 8 мини тортички. Печете ги на 90 степени загреана рерна околу 75 минути.

Оставете комплетно да се изладат во рерна. Изматете ја слатката павлака и нанесете одозгора врз Павловите. Декорирајте со сечкано свежо овошје.



Добар апетит и забавно готвење!

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби