Вкусни крцкави топчиња од компири

Ако често ви останува пире од компири, кое не сакате да го фрлате, имаме одличен рецепт. Направете крцкави полнети компирчиња и воодушевете ги вашите домашни.

Потребни состојки:

  • 800гр ладно пире од компири

  • 100гр млад кромид

  • 150гр исечкана сланина

  • 1 мала лажица лук во прав

  • ½ мала лажица црн пипер

  • 2 јајца

  • едно парче чедар сирење

  • брашно и лебни трошки

  • масло за пржење

  • сол по желба

Начин на подготовка:

Испржете ги ситните парчиња сланина, па измешајте ги со ладното пире од компири, исечете го кромидот, додадете 1 јајце, лук во прав и црниот пипер. Измешајте ја добро смесата.

Од добиената смеса обликувајте топчиња, а во средината на секое топче додавајте коцка сирење. Откако ќе ја завршите оваа постапка, коцките панирајте ги во брашно, па во изматено јајце, па во лебните трошки. Панираните топчиња ставете ги во фрижидер да се стврднат.

Потоа во тава ставете масло да се загрее и пржете ги топчињата додека не заруменат на сите страни. Откако ќе ги испржите сите топчиња, ставете ги во претходно загреана рерна околу 5 минути на 200°С. Консумирајте ги со некој сос.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби