Најдобри јаглехидрати кои помагаат при слабеењето

Со години наназад се провлекува „советот“ дека за да слабеете е потребно да ги исфрлите сите јаглехидрати, што не е воопшто точно. Исфрлање на процесирана храна како чипсови,која изобилува со јаглехидрати, е сосема во ред да се исфрли, меѓутоа тоа во никој случај не треба да се направи со:

1) Јачмен

Ова е една од најстарите супер храни. Истражувањата сугерираат дека јадењето на храна од јачмен богата со растителни влакна може да ги стимулира хормоните во стомакот кои го регулираат апетитот и метаболизмот – со други зборови, подолг период да сте сити.

2) Круши

Во една студија било утврдено дека возрасните кои внесувале најмалку 30 грама растителни влакна дневно, изгубиле над 2кг. годишно, без да прават било какви други промени во исхраната. Една круша со средна големина има околу 6гр. влакна – повеќе од другите овошја меѓу кои и јаболката.

3) Киноа

Оваа житарка не само што содржи скоро дупло повеќе растителни влакна од останатите, туку е и комплетен извор на протеини – што значи дека преку неа може да ги внесете сите амино киселини кои на телото му се потребни за да изгради мускули.

4) Пуканки

Oвие популарни „грицки“ се одличен извор на влакна, имаат многу малку калории и заситуваат. Се разбира, бројот на калории а и штетноста на зголемува доколку ги „потопите“ во голема количина на путер и сол.

5) Сладок компир

Само еден ваков компир содржи околу 27гр. јаглехидрати, но не давајте тоа да ве обесхрабри да го јадете – докажано е дека овие компири го зголемуваат нивото на хормонот адипонектин, кој помага при регулирање на шеќерот во крвта за да метаболизмот работи што поефикасно. Слаткиот компир нема воопшто масти и има помалку калории и натриум во споредба со обичните „бели“ компири.

6) Грашок

Половина шолја грашок има околу 4гр. протеин и растителни влакна, а истиот е богат со цинк, кој е поврзан со зголемување на нивоата на хормонот за ситост, лептин.

7) Кафеав ориз

Доколку белиот ориз во исхраната го замените со кафеавиот, верувајте, вашето тело ќе ви заблагодари. Белиот ориз нема скоро никаква нутриционистичка вредност, додека кафеавиот изобилува со влакна, магнезиум и витаминот Б6.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби