Летото е на прагот, па почнавте да држите различни диети, да вежбате, да се изгладнувате, но нема никакви резултати!
Кои грешки ги правите?
Грешка бр.1: Изгладување
Ова е најлошата, но и најчестата грешка, за која повеќето луѓе мислат дека ќе им помогне да се решат од вишокот килограми. Всушност, само го мачете целото тело, па на тој начин дури може полесно да накачете килограми, отколку на изгубите. Сите стручњаци со причина повторуваат: екстремните диети се лоши за здравјето!
Грешка бр.2: Разни препарати за слабеење
Колку и да ви изгледаат за добри, се уште не постои некој магичен препарат кој на сите би ни ги скратил маките со слабеењето. Ако успеете да намалите по некој килограм, за кратко време ќе ги повратите истите, односно ќе се соочите со јо-јо ефект.
Грешка бр.3: Различни начини за „не-вежбање“
Веројатно сте слушнале за приказните дека одењето во сауна, мотањето во пластична фолија и слично, загарантирано помагаат при топење на масните наслаги. Потењето е добар знак, но само ако се работи за потење од вежбање.
Грешка бр.4: Еднолична прехрана
Диетите во кои внсувате само еден вид на намирници ќе го направат токму спротивното. Научните студии се показатели дека најконзистентното губење на килограмите и програми за одржување на посакуваната тежина, треба да ги комбинирате со правилна и редовна физичка активност со здрава прехрана.