Dave’s Kitchen: Вкусна чоколадна торта без печење

Еве еден превкусен рецепт како да направите вкусна чоколадна торта без печење.

Потребни состојки:

  • 800 гр. бисквити
  • 100 гр ореви
  • 200 гр. шеќер
  • 100 гр. какао
  • 250 мл вода
  • 150 гр путер
  • Ванила екстракт

За глазурата:

  • 150 гр. слатка павлака
  • 150 гр. чоколадо

Начин на подготовка:

Во длабок сад искршете ги бисквитите и оставете ги на страна.

Во мало тенџере на оган ставете ги шеќерот и какаото, водата и путерот. Варете ги сите состојки додека не се растопи путерот. Кога се ќе биде изедначено намалете ја температурата на средина и продолжете со готвење уште наредни 10-15 минути. Тргнете го на страна садот и ставете екстракт од ванила. Оставете да се олади и да дојде на собна температура.

Во садот со бисквитите додадете ги исечканите ореви.
Кога чоколадната смеса ќе се олади додадете ја во садот со ореви и бисквити и со помош на шпатула промешајте додека се, не се соедини.

Ставете ја целата смеса во округло тавче на механизам и оставете 1 час во ладилник да се стегне.
Отстранете ја тортата од калапот и прелијте ја со чоколадна глазура која ќе ја направите на следниот начин:

Слатката павлака ставете ја во сад на оган да се загрее да дојде до точка на вриење со постојано промешување. Врелата слатка павлака прелијте ја врз чоколадото и оставете неколку минути чоколадото да се растопи. Со помош на помала шпатула промешајте додека нема парчиња од чоколадото. Прелијте ја врз тортата и може да декорирате со ореви врз глазурата.

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби