Што да направите со згмечените јагоди?

Сите нетрпеливо ја чекаме сезоната кога царуваат јагодите. Размислуваме за освежителни овошни салати, сочни торти или пак утринско смуди во кои главната состојка е токму ова овошје. Ако не се пронаоѓате во претходното, тогаш сигурно не можете да одолеете на чинија со свежи јагоди која можете да ја изедете во еден здив.

Сепак, често наидуваме на згмечени јагоди кои и не баш преферираме да ги јадеме како такви.

Иако обликот им е сменет, овие плодови се подеднакво вкусни како и другите и не би требало да бидат фрлени во корпата за отпадоци.

Се прашувате што можете да направите со нив?
Обидете се со некоја од следниве идеи:

1. Направете сос од јагоди

Направете брз и лесен сос од не толку совршените јагоди, на тој начин што во тава на оган, ќе загреете од јагодите со неколку лажици шеќер. Доволно е смесата да зоврие неколку минути и го имате највкусниот сос, кој можете да го користите на палачинки, порција сладолед, или пак да го замрзнете таков како што е во калап и да направите одлично сорбе.

2. Користете ги за утринското смуди

Користете ги овие јагоди за да го направите Вашиот прв појадок – утринско смуди. Ставете ги во блендер заедно со другите состојки или пак додадете неколку топки сладолед од ванила и млеко за да го направите совршениот милкшејк од јагода.

3. Употребете ги во печење 

Овој вид на јагоди се одлични за да се додадт во смеса за Американски палачинки, овошен колач или пак мафини.

4. Искористете ги во освежителни пијалаци

Направете вкусна лимонада, инфузирана со пире од јагоди или пак направете ги Вашите омилени коктели во кој ќе додадете исечкани јагоди.

5. Замрзнување

Доколку немате време да го направите омилениот десерт или пак пијалок, една од најдобрите опции за да ги зачувате овие јагоди е да ги замрзнете, кои подоцна можете да ги искористите во утринското смуди или милкшејк.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби