Dave’s Kitchen: Превкусни полнети пиперки за неделниот семеен ручек

Соберете го семејството за неделниот ручек со ова традиционално јадење.

Потребни состојки:

  • 6 пиперки (ајварки)
  • 1 главица кромид
  • Неколку чешниња лук
  • 500 гр. мелено месо
  • 50 гр. ориз
  • 150 мл. доматен сос
  • Масло за јадење
  • Ситно исецкан магдонос
  • Сол, црн пипер, црвен пипер, мешан сув зеленчук
  • Тенки кругови од домат или компир

Начин на подготовка:

Во тава на оган загрејте го маслото и на средна температура испржете го ситно исечканиот кромид и лук. Потоа додадете го претходно измиениот ориз и пропржете околу 2-3 минути. Додадете го меленото месо и пржете додека течноста не испари (од меленото месо). Додадете го мешаниот сув зеленчук, мелен црн пипер, црвен пипер и сол по вкус. Добро промешајте и додадете го доматниот сос. Оставете да прокрчка околу 5-7 минути. По желба додадете свеж ситно исецкан магдонос.

Тргнете ја тавата на страна и во претходно измиени и исчистени пиперки од семки наполнете со смесата од меленото месо. Потоа за да ја затворите празнината на пиперката за да не истекува од филот додека пиперките се печат ставете кругови тенко исецкан домат или пак компир.
Доколку остане од смесата со меленото месо додадете уште малку доматен сос или вода и ситно исецкан магдонос и оставете ја смесата да крчка околу 10 минути. Додадете 2 лажици пченкарно брашно кои претходно ќе ги измешате на страна со малку вода. Тоа ќе помогне да се направи каша, која подоцна ќе биде сервирана како сос врз пиперките.

Ставете ги пиперките во земјена тава или пак поголемо тавче, прелијте го сосот и ставете ги во рерна на 190 степени околу 30-тина минути.

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби