Лесни салати за топлите летни денови

Ако преку летниот период и високите температури, сакате да ги избегнете мрсните јадења, тогаш редно време е да си поиграте со салатите и свежите намирници. Ви предлагаме неколку салати кои ќе ви го разиграат менито:

Кус кус со туна и зеленчук



Одлична салата со ½ шолја кус кус, туна, шери домати и пиперка, која е полна со хранливи состојки.

Најпрво сварете го кус кусот на пареа и оставете го 5 минути да ја впие течноста. Исечкајте го зеленчукот на парчиња. Измешајте ги сите состојки и зачинете по желба.

Салата со тестенини и пилешко месо



За оваа салата потреби ви се пилешко месо, брокула, тиквички, домати, пиперки, кисело млеко и тестенини. Испржете гo или сварете гo пилешкото месо заедно со зеленчукот, а во друг сад сварете ги тестенините. Потоа додадете ги сите состојки во садот каде што се варат тестенините и додадете кисело млеко и лимон. Зачинете по желба.

Летна компир салата



Ако сте љубители на компирите, ова ќе ви биде новата омилена салата. Потребно ви е 1 ½ кг млад компир, сланина, лук и кромид. Сварете го компирот и оставете го да се олади. Потоа прелијте го со малку маслиново масло. Во меѓувреме, исечкајте ја сланината и испржете ја во масло, се додека не стане крцкава. Додајте ги сите состојки во тавата каде што ја пржите сланината и попржете ги истите уште 2-3 минути. На крај, зачинете по желба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби