Несекојдневна можност: Шведска кујна во срцето на Скопје

Остануваат уште само два дена до крајот на една од најнесекојдневните кулинарски манифестации која ja воодушеви јавноста.

Имено, „Деновите на шведска храна во Македонија“ под мотото Try Swedish кои што се одржуваат во ресторанот Дистрикт во Скопје Мериот хотел во организација на Амбасадата на Шведска.

Желбата на Шведска да ја запознае македонската јавност со вкусовите на прекрасната шведска кујна и интересните шведски рецепти стана реалност во која што уживаат голем број на граѓани од 7-ми до 16-ти јуни.

Светски познатите шведски кофтиња со лингонбери бобинки, харинга, мариниран лосос со сос од сенф и копер, иновативните вкусни десерти како свежи малини со крем од лимон, пуслици со екстракт од сладок корен се де од големото мени кое што се служи во Дистрикт. Менито е креирано од Питер Татар, главен шеф на Скопје Мериот и Дистрикт ресторан заедно со шведскиот мастер шеф Магнус Албректсон, кој меѓу другото е еден од ретките готвачи кои ја имаат подготвувано храната за свечената вечера по повод доделувањата на Нобеловата награда која секоја година ја организира шведското кралско семејство.

Шведска во последните децении е на врвот на листата на светската гастрономска мапа благодарение на иновативноста и уникатните, маркантни вкусови кои овозможуваат вистинско уживање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби