ВИ ТЕКНАЛО НА ОВА?

Растенија кои може повторно да ги израснете откога ќе ги изедете

Дали сте знаеле дека голем дел од зеленчуците кои секојдневно ги јадете може повторно да ги израснете и тоа во сопствениот дом?

Овој процес не е премногу комплициран и не бара преголем простор, а ќе заштедите некој денар на храна.

Еве што сè може без потешкотии да израснете дома:

1) Марула

Доволно е само коренот од марулата да го закопате во саксија и да ја поставите изложена на доволно сончева светлина. Со доволно вода, за кратко време од него ќе почнат да растат нови листови.

2) (Стар) кромид

Исечете го долниот дел од кромидот и оставете го да се исуши неколку дена. Потоа, во саксијата направете вдлабнатина во која што ќе го поставите исушеното крајче кое треба да го покриете со земја.

3) Босилек

За да израснете босилек, од ¾ од гранчето тргнете ги лисјата и поставете го во чашка со вода, која треба да се менува на неколку дена. Откога ќе порасне околу 5 сантиметри, треба да го закопате во земја и да го растете како и сè друго.

4) Целер

Базата на целерот потопете ја во вода 3 дена, а откога ќе почнат да растат листови преместете ја во сопствена саксија со земја.

5) Млади кромитчиња

Доколку врвовите ги потопите во вода, за околу 10 дена зелените листови ќе почнат повторно да растат.

6) Лук

Големи се шансите некое од лукчињата кои ги имате дома да е веќе изртено – затоа, нареден пат кога ќе забележите такво, ставете го во чашка со вода која го покрива долниот дел од чешнето.

7) Сладок компир

По дома можете сами да си растете слатки компири со тоа што ќе ги ставите во тегли со вода, и откога на долниот дел ќе почнат да ‘ртат корењата, отстранете ги од компирот и засадете ги во земја.

8) Ананас



Скоро секој од нас ги фрла лисјата од свежиот ананас, а токму тие се клучот за растење на ова овошје. Процесот е стандарден – круната со листовите потопете ја во вода, и откога ќе почне да ‘рти после некои 3 недели, засадете ја во почва за да по неколку месеци добиете нов ананас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби