ДАЛИ СТЕ ПОД СТРЕС?

Прашања кои откриваат дали навистина сте гладни

Често ни се случува да отвориме кесичка чипс за да грицкаме додека гледаме серија или филм. Сето тоа е во ред, додека не почне да ви се случува многу често. Тогаш таа навика не е убава и доведува до дебелеење и здравствени проблеми. Пред да посегнете по некои грицки, поставете си ги следните прашања:



Кога последен пат сте јаделе?

На многумина ни се случило многу брзо да огладниме по појадокот. Но, тоа нема врска со здравјето, туку со храната која ја консумирате. Обично по секој оброк, треба да поминат најмалку 2-3 часа.

Сепак, ако оглднете за еден час, значи дека сте јаделе нешто што не ве заситува. Храната богата со влакна и протеини подолго се вари и на тој начин подолго ве држи сити. Затоа, размислете за тоа пред да јадете. Може да консумирате салата со пилешко месо, кисело млеко со боровини или лосос со свеж зеленчук.

Дали сте раздразливи?

Американците го смислиле зборот „hangry“ кој е комбинација од hungry како гладен и angry како лут. Следниот пат, кога ќе се чувствувате лошо и раздразливо, размислете за тоа кога последен пат сте јаделе. Грчењето во стомак, нервозата и главоболката се јасен знак дека е време за оброк.



Дали сте жедни?

Многу луѓе мислат дека се жедни, а се всушност гладни, па токму затоа, тешко е да препознаат дали им се јаде или им се пие. Затоа, испијте голема чаша вода и почекајте 10 минути. Ако гладот исчезне, тогаш знаете дека сте биле само жедни.

Дали сте под стрес?

Ако сте посегнале по чипс бидејќи ви се приближува некој рок за работа или поради проблемите со вашиот сакан, тогаш ќе го познаете тоа чувство дека јадете само поради тоа што сте под стрес. Без оглед што ви изгледа дека тоа ве опушта, сепак тоа не е начин за смирување. Потрудете се да трчате, да медитирате или правете нешто што ќе ве опушти (не јадење чипс!)





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби