ИЗБЕРЕТЕ ГО ОНА ШТО Е ЗДРАВО

Овошја со малку шеќер идеални за во лето

Сите знаеме дека овошјето е здраво, меѓутоа тоа може да биде полно со природни шеќери кои може да предизвикаат проблеми кај оние со покачено ниво на шеќер во крвта, или оние чија фамилијарна историја на болести го вклучува дијабетесот или слични болести кои побаруваат поголема контрола на внесот на шеќерот.

Во тој случај, еве неколку овошја кои содржат малку шеќер и кои би требало да се дел од вашата исхрана.

1) Јагоди, капини, малини, боровинки

Овие летни овошја се одлични природни засладувачи кои имаат изненадувачко ниско ниво на шеќер во нив, а покрај тоа богати се со растителни влакна.

2) Киви

Покрај ниското ниво на шеќер, кивито изобилува со растителни влакна, витамин Ц и калиум.

3) Папаја

Ова тропско овошје е исклучително слатко, но големата количина на влакна го забавува ослободувањето на шеќерите во крвотокот кога го јадете. Богато е и со витамин Ц и антиоксиданси.

4) Лимон

Додавање на неколку парчиња лимон во водата е здрав начин да и дадете некаков вкус. Секое парче содржи помалку од 5гр шеќер, а киселината помага за стабилизирање на шеќерот во крвта.

5) Авокадо

Авокадото е буквално „чудотворно“ овошје, богато со здрави маснотии кои помагаат за намалување на крвниот притисок и стабилизирање на холестеролот, а содржи помалку од половина грам шеќер.

6) Диња

90% од дињата е вода, што го прави ова овошје исклучително хидрирачко. Богата е со витамините А и Ц, и има околу 8гр шеќер во доза од една шолја, правејќи ја одличен додаток во разни овошни салати.

7) Грејпфрут

Богат со витамините А и Ц, грејпфрутот има помалку од половина количина шеќери отколку една банана, и слична количина на калиум.

8) Смокви

Избегнувајте ги сушените смокви, бидејќи во споредба со свежите тие се полни со шеќер. Свежите се богати со полно основни минерали како калиум, калциум и железо, а една смоква содржи околу 8 грама шеќер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби