5 начини како водата помага во губењето на тежината

Водата е есенцијална состојка која му помага на телото да функционира ефикасно и без проблеми. Бидејќи телото на еден возрасен човек се состои од околу 65% вода, не е воопшто чудно зошто без неа може да преживееме само 3 до 5 дена. Таа ги транспортира хранливите состојки и кислородот до клетките, помага за исфрлање на отпадните материи и ги подмачкува дигестивниот тракт, зглобовите и ‘рскавицата.

Како основа на сите функции на телото, водата особено помага и при губењето на тежина, поради овие 5 причини:

1) Го намалува гладот и ја зголемува ситоста

Центарот за жед во мозокот (хипоталамусот) исто така го регулира и апетитот. Кога сме дехидрирани, телото добива мешани сигнали во врска со гладот, што како резултат предизвикува да веруваме дека сме гладни, а всушност сме жедни. Една студија покажала дека пиење на две чашки вода пред оброк помага при губење на повеќе тежина. Затоа, кога ќе почувствувате глад, прво напијте се неколку чашки вода.

2) Го држи умот сконцентриран

Водата помага при транспортот на кислород во мозокот и дури и најмала дехидрација може да влијае на вашите когнитивни перформанси, расположението, како и да ве прави да се чувствувате уморно. Сите овие ефекти водат кон стресно јадење, лош избор на храна и надминување на границата на дневниот внес на калории. Следниот пат кога ќе се почувствувате „извеано“, испијте неколку чашки студена вода кои ќе ве освестат.

3) Ги „напојува“ тренинзите

Покрај подобрување на метаболизмот, водата помага за превенција на мускулните грчеви за да можете да вежбате подолго и посилно. По вежбањето, внесот на водата мора да е зголемен, а за време на долготрајните вежби за издржливост, пијте вода со јаглехидрати и електролити за да се одржи балансот на течности во организмот и да се спречи исцрпеноста по завршениот тренинг.

4) Помага за правилна и редовна функција на дигестивниот систем

Водата допринесува за ефикасноста на дигестивниот систем од почеток до крај. Плунката во устата содржи вода и дигестивни ензими кои помагаат за распаѓање на храната, додека во стомакот водата ја балансира киселата околина за да спречи појава на чиреви, горушица и сл.

5) Помага да го намалите внесот на калории

Течните калории во вид на џусеви и газирани пијалаци не ве заситуваат, а високото ниво на шеќер во нив може да предизвика инсулински зголемувања по кои следува „спуштање“, проследено со иритираност и омалаксаност. Според некои студии, пиењето вода наместо засладени пијалаци резултира со помало зголемување на тежината во период од 4 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби