Што содржат разните видови на преливи?

Разни меса, сендвичи и салати се многу повкусни доколку врз нив ставите некој прелив, но знаете ли што точно внесувате во себе со нив? Еве кои сè состојки ги содржат најпознатите преливи

1) Кечап

Кечапот добива најголеми критики од нутриционистите во споредба со било кој друг прелив поради големото количество на шеќер, поточно обичниот и високо-фруктозниот пченкарен сируп, кои се обично пишани како втора или трета состојка на етикетата. Овие состојки, заедно со концентратот од домати и дестилираниот оцет се причина за 20-те калории и 4 грама шеќер кои ги содржи една голема лажица кечап. Доколку веќе не можете без кечап, подобро решете се за варијанта со помалку шеќер или за поприродни опции направени без високо-фруктозниот пченкарен сируп.

2) Сенф

Класичниот жолт сенф е релативно здрав, освен ако треба да внимавате на внесот на натриум. Тој се состои од оцет, вода, семки од сенф, сол, куркума, лук, понекогаш и црвен пипер. Една голема лажица сенф има околу 55 милиграми натриум, што е скоро 2% од дневната вредност.

3) Мајонез

Мајонезот е еден од најнездравите преливи – само една голема лажица содржи 10 грама маснотии и 100 калории. Останатите состојки вклучуваат масло од соја, вода, цели јајца, жолчки од јајца, оцет, сол и шеќер. Во многу умерена доза тој е одличен додаток за сендвичи, но во поголема е прилично лош за здравјето. Доколку сте љубител на додатоци со кремаста текстура, а сакате поздраво да се храните, пробајте да го замените мајонезот со авокадо или хумус.

4) Сос за скара

Добар сос за скара е дел од секоја подобра летна скара. Две големи лажици од ваков сос содржат 10-20 грама шеќер, и значителна количина натриум. Сиот овој шеќер доаѓа од главните состојки: обичниот и високо фруктозниот пченкарен сируп, и меласа. Останатите состојки се концентрат од домати, вода, оцет, сол и разни зачини, па така доколку сакате поздрава варијанта од сос за скара ( и со помалку шеќер), лесно можете и самите да си го направите и да го намалите  количеството на пченкарниот сируп.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби