Dave’s Kitchen: Банана торта

За оваа недела од кујната на Давор следува вкусен рецепт за едноставна банана торта.

Потребни состојки:

  • 250 гр. путер на собна температура
  • 1 шолја шеќер
  • 1 филџан мед
  • 4 јајца
  • 2 лажички ванила екстракт
  • 4 зрели банани
  • 2 лажички сода бикарбона
  • половина шолја врело млеко
  • 3 шолји брашно
  • 2 лажички прашок за печиво

      За фил:

  • 100 гр. омекнат путер
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • 2 лажички мед
  • 3 лажички лимон
  • 2 ипол шолји шеќер во прав

Начин на подготовка:

Бананите со виљушка се пасираат,па во миксер се мати путерот, шеќерот и медот. Потоа се додаваат ванилата и јајцата едно по едно додека миксерот мати, за на крајот да се додаде пасираната банана. Се мати сè добро и се додава млеко (во него се ставаат две лажички сода бикарбона). Потоа се додава брашното и 2 лажички од прашокот за печиво. Потоа се мати на поспора брзина и се префрла смесата во округло тавче на механизам обложено со хартија и премачкано со путер. Се пече на 160 степени од 60-70 минути.

Во миксер се додаваат сите состојки и се мати на спора брзина. Кога ќе забележите дека шеќерот во прав е соединет во путерот зголемете ја брзината и матете 3-4 минути. Колачот се лади комплетно бидејќи во филот има путер и доколку се нанесе додека колачот е топол може да се растопи.

Се нанесува целиот фил на ладниот колач и се сервира со слатко од вишни или чоколаден прелив.

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби