Дали го следиме погрешниот Instagram тренд на исхрана?

Дали имаме здрава и стабилна врска со храната или тоа е само привидно? Дали се исхрануваме како што навистина треба или сме жртви на Инстаграм и трендовите во светот на храната?

Доколку ги следите социјалните мрежи, сигурно погледот ви го украла некоја убаво приготвена салата, куп свежо овошје или неодолив шејк кој посакувате да го пробате. Инстаграм е бомбардиран со уметнички фотографии од најразлични видови храна, кои се убаво декорирани за да мамат воздишки.

A post shared by Kai Nora (@knfx) on




Еден од трендовите кои моментално може да се забележат на социјалните мрежи, е и т.н clean eating (здраво, чисто јадење). Веројатно многу од вас имаат слушнато, но малкумина знаат што всушност тоа претставува.

Станува збор за доста популарен начин на исхрана кој пред се налага органска храна, многу овошје, зеленчук, природни шеќери, зрнести плодови, природни масти и протеини. Од книгите со диети, до рецептите на Инстаграм профилите, па се до online часовите за готвење, трендот clean eating полека, но сигурно станува начин на живеење.

Што преферира clean eating режимот, а што отфрла? Пред се, големо внимание им се посветува на овошјето и зеленчукот бидејќи се смета дека тие се клучот на секоја здрава исхрана. Овде значајно место заземаат и зрнестите продукти – киноата, овесот, оризот кои се лесни за комбинирање со најразлична храна, а при тоа здрави и корисни. Едно од правилата на clean eating е да се намали внесувањето на месо и процесирана храна. Истражувањата покажуваат дека намалената консумација на месо може да го стабилизира крвниот притисок како и да го намали штетниот холестерол. Колку што може да се избегнуваат солта и шеќерот бидејќи може да игра голема улога во вашата тежина.

Вака кажано сè изгледа совршено за тоа што треба да консумираме, а што не, но дали луѓето навистина ја консумираат оваа храна или ја користат само за да ги разубават своите Инстаграм профили?

Неодамна доктор Макс Пембертон, инаку специјалист за пореметување во исхраната, напиша писмо до Daily Mail во кое предупредува за физичките и психичките опасности со кои што се соочуваат луѓето кои се подложуваат на clean eating диети.

Пембертон советува наместо да се исклучуваат цели групи на храна од вашата исхрана, да се применува разумно јадење, односно балансирана исхрана. Тој предупредува луѓето, помалку да се опседнуваат со она што го гледаат на социјалните мрежи и со илузијата дека ако целосно се откажат од некои продукти, тоа ќе биде здраво за нивното тело. Некои од нутриционистите сметаат дека Clean eating режимот на исхрана може да доведе и до несакани проблеми со коските како и остеопороза.

Анализирајќи ги социјалните мрежи и ефектот што истите го имаат врз нашиот начин на исхрана, интересно е да се забележи дека понекогаш дури и несвесно се заплеткуваме во нивната мрежа.

Во врска со овој “проблем” направено е истражување во текот на кое била тестирана група луѓе. На половина од групата и било дозволено да ја фотографира храната што им била послужена за јадење, додека на другата половина тоа не им било дозволено. Резултатите покажале дека луѓето кои ја фотографирале храната дале далеку повисоки оценки за истата за разлика од оние што не направиле фотографии. Сето ова укажало на тоа дека фотографирањето на храната има влијание врз психолошката состојба на луѓето, а зад ова стои и фактот дека колку повеќе луѓето ја гледаат и сликаат храната толку повеќе им се зголемува желбата за јадење.

Затоа ако сакате да се исхранувате здраво или пак едноставно да намалите некој килограм, направете комбинација од балансирана исхрана и физичка активност, наместо да се опседнувате со тренд режими на исхрана кои ги гледате на Инстаграм или пак ги читате по блогови за храна.

На крајот на краиштата секој организам функционира на поинаков начин, па она што е добро за некој друг, можеби не е добро за вас. Пред да се фрлите во авантурата наречена – менување на режимот на исхрана, направете мала консултација со лекар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби