Dave’s Kitchen: Лажен локум

Многу лесен рецепт за подготовка, а воедно и совршен за разладување во летниот период.

Потребни состојки:

  • 400 гр. шеќер
  • 2 пудинга од шумско овошје или јагода
  • 140 гр. гриз
  • 2 литри вода
  • 60 гр. кокосово брашно

Начин на подготовка:

Во тенџере на оган ставете 1.5 литар од водата да зоврие.

Во сад на страна промешајте ги гризот, шеќерот, пудингот и 500 мл. вода. Промешајте убаво со жица за матење. Кога водата ќе зоврие ставете ја смесата и мешајте континуирано околу 5 минути додека не добиете густа каша. Префрлете ја смесата во правоаголно тавче кое сте го навлажниле со вода. Оставете комплетно да се излади и да се стегне околу 4 часа. Најдобро е овој рецепт да го подготвите навечер за преку вечер да остане во ладилникот. Потоа пресечете форми по желба и извалкајте ги во кокосово брашно. Послужете ги ладни.

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна Dave’s Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби