Најпопуларни закуски во земјите низ светот

При посетата на други земји, пробувањето на локалната храна и рецепти дефинитивно е голем дел од доживувањето. Но, покрај разните национални јадења, секоја земја и специфични закуски кои се популарни кај туристите:

1) Германија – Leberkäse

Особено популарно во јужниот дел на Германија, ова јадење е вид на месо кое се состои од говедско, свинско месо и сланина, испечени во форма на векна. Локалното население од него прави сендвичи со бел леб, во кои се додава сладок сенф.

2) Австралија – солена пита

Позната и како месна пита, овие мали пити се иконско јадење во Австралија и Нов Зеланд. Како што самото име кажува, се работи за пита со големина на дланка полнета со мелено месо и сос. Разни варијации вклучуваат и печурки, кромид или кашкавал.

3) Мексико – Tamales

Оваа закуска типично се прави од тесто кое се подготвува на пареа обмотано во лушпа од пченка или лист од банана, полнето со месо, кашкавал, овошја, зеленчуци и чили.

4) Турција – Лахмаџун

Лахмаџун е тенко парче тесто (слично на она за пица) намачкано со мелено месо, зеленчук и билки.

5) САД - крофни

Познатите американски пржени крофни ги има во неброено многу варијанти – со шеќерна глазура, чоколадна глазура, полнети со крем, овошје, мармалади, путер од кикирики, месо и др.

6) Грција – коулори

Коулори се ѓевреци прекриени со сусам, крцкави од надвор и тестести од внатре, а обично се полнети со маслинки или фета сирење.

7) Индија – Вада Пав

Oсновата на кулинарската култура во Мумбаи е Вада Пав – пржено „ќофте“ направено од мешавина од леќа, компири и кромид, сервирано во леб со пикантен зачин направен од ситно сецкани овошја или зеленчуци измешани со оцет, зачини и шеќер.

8) Италија – Supplì

Особено популарни во Рим, Supplì се топчиња од ориз полнети со сос од домати и моцарела, кои се потопени во јајца и презла и потоа испржени.

9) Перу – Ceviche

Оваа закуска е свежа, сурова риба потопена во сок од цитрус, често пати со црвен кромид, сечкан зеленчук и чили пиперчиња.

10) Финска – Leipäjuusto

Oва популарно финско сирење е направено од млеко од крава која е тазе отелена, а популарни варијации се и со еленско или козјо млеко. Обично се јаде со нешто слатко, односно џем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби