Како влијае правилната исхрана врз нашиот мозокот?

Сите знаеме дека правилната исхрана влијае позитивно на нашите тела, но што е со умот?
Кога станува збор за храна која не само што го храни стомакот, туку и мозокот, изборот е огромен.

На пример, храната која што е добра за срцето е добра и за главата, бидејќи здравиот крвоток е од големо значење за мозочните функции. Тука спаѓа црниот грав и останатите мешункасти плодови за кои истражувачи кои студирале дијабетес пронапле дека ја подобруваат гликемичната контрола и ги намалуваат шансите за развивање на хронични срцеви заболувања.

Црниот грав е и одличен извор на магнезиум за кој е докажано дека е ефективен во спречување на деменцијата во мозокот. Авокадото е исто така одлично за крвотокот, а добрите маснотии кои ги содржи се поврзани со редуцирање на нивото на LDL, т.е „лошиот холестерол“.

Боровинките, пак, ја подобруваат мемориската функција кај повозрасните личности кај кои таа почнала да опаѓа. Брокулата е одличен извор на холин, хемикалија во мозокот која е есенцијална во раниот развиток на мозокот, а има позитивни ефекти кај повозрасните кои се подложни на ризик од ослабување на меморијата или развивање на Алцхајмеровата болест.

Солената храна треба да се избегнува или да се внесува умерено, бидејќи е докажано дека ја зголемува хипертензијата (зголемен крвниот притисок), што го ограничува протокот на крв до мозокот.

Во овој вид на храна спаѓа сосот од соја, бидејќи една голема лажица содржи до 40% од препорачаната дневна доза на натриум. Мали количини на натриум во исхраната се безопасни, но преголемиот внес на солена храна влијае на фокусот, организациските способности и меморијата.

Исто така треба да се внимава и на внесот на туната, бидејќи содржи големо ниво на жива – тежок метал поврзан со намалувањето на когнитивните способности, а се препорачуваат не повеќе од 2 порции туна неделно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби