Вкусни сосови за месо кои не треба да се готват

Секое месо е повкусно кога му додаваме сос. Доколку ви се досадни обичните сосови ви предлагаме три рецепти за сосови, кои совршено би оделе со вашиот ручек. Секогаш можете да го подготвите сосот и да го послужите со лепчиња или чипс, без месо, изборот е ваш.

Chimichurri



Ова е аргентински сос со зачини кој одговара со пилешко, свинско и јунешко месо, но и со јадења со компири и зеленчук

Потребни состојки:
-25гр свеж магдонос
-25гр свеж коријандер
-2 чешчиња лук
-½ чајна лажица кора од лимета
-2 лажици свежо исцеден сок од лимета
-2 лажици маслиново масло
-¼ чајна лажица сол
-¼ чајна лажица мелен црвен пипер

Начин на подготовка: Во блендер измиксајте ги сите состојки, додека не добиете смеса. Сосот ќе биде највкусен кога сите билки се свежи.

Raitа



Станува збор за индиски сос на база на јогурт кој одговара со јунешко месо.

Потребни состојки:
-½ мал кромид
-50гр свеж коријандер
-300мл полномасен јогурт
-2 лажици свежо нане
-¼ чајна лажица мелен коријандер
-2 лажици свежо исцеден сок
-сол и бибер по желба

Начин на подготовка: Кромидот исечкајте го на ситни парчиња, како и листовите од нане и коријандер. Измешајте ги состојките со јогурт и зачинете.

Лут сос од соја



Овој сос е незаменлив дел од азиската кујна и може да се користи во секое јадење.

Потребни состојки:
-6 лажица свеж сок од лимон
-4 лажици растително масло
-2 лажици масло од сусам
-1 лажица готов сос од соја
-2 чајни лажици сусам
-1 чајна лажица чили паста

Начин на подготовка: Измешајте ги сите состојки и послужете ги со јадењето.

Пријатно јадење!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби