Поради високите температури ни се намалува апетитот, а готвењето на никому не му се допаѓа.
За да ви ја олесниме работата во кујната, а сепак да консумирате здрав оброк, ви предлагаме чаша со витамини и минерали.
Потребни состојки:
- 2 шолји спанаќ
- ½ шолја капини
- ½ краставица (неизлупена)
- неколку листови нане
- лажица сок од лимон или портокал
Начин на подготовка:
Добро измијте ги состојките. Капините и краставицата исечете ги на парчиња, а потоа сите состојки ставете ги во блендер. Измиксајте ги и на крај додајте коцки мраз.
Овој оброк содржи: железо, влакна, протеини, електролити, калиум, магнезиум, витамини К, А, С, В1 и В6.