Типови храна кои траат со години

По 107 години, на Антартикот е откриена овошна торта која се уште изгледала и мирисала како да не била расипана и можела да се јаде. Од тука се поставува прашањето дали постојат други видови на храна со слична трајност, кои би можеле да ни помогнат да преживееме, на пример, во случај на апокалипса?

1) Мед

Во 2015-та, при откопување на гробници во Египет археолозите пронашле 3000 години стар мед, кој можел да се јаде. Неговата трајност се должи на малата количина на вода и големата на шеќер, што го оневозможува развивањето на бактерии во него.

Медот исто така содржи мали количини водород пероксид, кој го спречува размножувањето на микробите.

Иако тој лесно може да се кристализира откога ќе биде отворен, оваа физичка промена лесно може да се поврати со негово загревање.

2) Оцет

Неговата кисела природа која се постигнува со користење на Acetobacter бактеријата за ферментирање, значи дека другите бактерии имаат потешкотии да растат во него, што му овозможува долготрајност.

Додека белиот оцет може бесконечно да остане непроменет, другите видови оцет може да ја променат бојата или да создадат седимент кој вообичаено не влијае на неговата безбедност да се користи, туку само на изгледот, а понекогаш и вкусот.

3) Бел ориз

Белиот ориз може да се јаде и по 30 години ако е чуван во конзерви, додека кафениот има пократок живот.

4) Темно чоколадо

Темното чоколадо е подолготрајно од млечното, бидејќи млекото му го редуцира животниот век. Доколку се чува на константна температура, може да трае и повеќе од 2 години – секако, доколку издржите до тогаш да не го изедете.

5) Сол и шеќер

Повеќето типови храни кои траат долго време се богати со сол или шеќер. Едноставно речено, тие ја впиваат водата, па така бактериите не можат да растат на нив, што ги прави подолготрајни. Доколку солта и шеќерот се чуваат подалеку од влага во вакумирани контејнери, тие можат да траат бесконечно. Но, адитивите како јодот кои се додаваат на солта, може да и го редуцираат животниот век на околу 5 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби