Заборавете на масната храна и десертите пред тренинг

За време на вежбањето голема количина на крв оди во мускулите, со што се редуцира дотокот на крв во стомакот. Поради оваа причина, стомакот не смее да се „напнува“ и  да работи за време на вежбањето, бидејќи тоа може да доведе до болки и останати проблеми. 

При посериозна физичка активност не се препорачува да консумирате:

1) Грав

Атлетичарите вегетаријанци кои се прилагодени на исхрана богата со растителни влакна можеби и нема да имаат поголеми проблеми, но кај останатите има шанси големата количина на влакна да предизвика стомачни проблеми за време на вежбањето. Уште поголема причина за вознемирен стомак е и јагленохидратната рафиноза со која гравот е полн, а стомакот не може да ја свари.

2) Зелкасти зеленчуци

Се мисли на брокулата, зелката, карфиолот и прокељот. Иако овие зеленчуци се исклучително здрави и содржат  антиканцерогени состојки, содржат и сулфур што може да предизвика гас кај повеќето луѓе. Тие се исто така богати и со рафиноза, па дефинитивно не се препорачуваат пред вежбање.

3) Пржена, масна храна и газирани пијалаци

Пред било каков тренинг избегнувајте масна и пржена храна како хамбургер, помфрит или пица, бидејќи заситените масти кои ги содржат остануваат подолг период во дигестивниот систем и се тешки за варење, што доведува до подуеност, грчеви и дијареја. Газираните пијалаци, пак, предизвикуваат гасови.

4) 100% овошни сокови

Природните сокови содржат јаглехидрати и течности и во исто време се богати со фруктоза. Шеќерот не се вари брзо, а тоа предизвикува стомачни проблеми. Затоа, се препорачува да се консумираат заедно со некое јадење или смути барем еден час пред вежбањето, или по него за рехидрирање.

5) Десерти

Колачи, крофни и сладолед дефинитивно не се препорачуваат за консумирање пред физичка активност, бидејќи скоро сите се богати со разни маснотии (крем, путер и сл.) и шеќери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби