Швајцарците чекор пред другите: Создадено рубин чоколадо

Создаден е нов вид чоколадо од кога чоколадото, за прв пат му беше претставено на светот пред 80 години.

Се работи за чоколадо со розова боја, направено од рубин зрната какао, кои содржат пигменти во таа боја.

Вкусот му е овошен и малку кисел, а создадено е од швајцарската компанија Barry Callebaut, која потрошила 13 долги години во неговото создавање.

Ова специфично чоколадо беше претставено на светот на ексклузивен настан во Шангај. Моментално не може секој да го купи, туку се продава во големи количини на различни чоколатиери и кондиторски продавачи низ светот.

Составот и понатаму останува мистерија. Темното чоколадо има многу какао, а малку млеко, белото е сосема спротивно од тоа, а млечното е некаде помеѓу. Но, не се знае каде на овој спектар се наоѓа рубин чоколадото и дали е создадено само од специфичните зрна какао или има уште нешто во него.

Штом стане достапно за јавноста, сигурни сме дека Instagram профилите на сите оние кои имаат блогови за храна ќе бидат преплавени со ова розово задоволство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби