ПРАКТИЧНО И КОРИСНО

Dave's Kitchen советува: Практични совети кои ќе ви помогнат во кујната

Драги пријатели, од денеска покрај рецептите кои ги читате на Dave's Kitchen на нашиот портал, секоја недела ќе објавуваме корисни совети кои ги препорачува нашиот соработник Давор, а вие ќе можете да ги прочитате и полесно да се снаоѓате во кујната.

1. Чистење на даската за сечкање

Чистењето на даските за сечкање само со сунѓер, сјај и вода нема да ги отстрани целосно бактериите кои се насобрани во нив. Со секое сечење се прават мали гребаници кои претставуваат дом на многу бактерии.

За да го отстраните проблемот со бактериите и воопшто да не стравувате дека ќе ви направат некаков проблем ќе ви треба само 2-3 лажици сода бикарбона и половина лимон. Распределете ја содата низ површината на даската и тријте ја заедно со лимонот околу 3 минути. Овој процес ќе овозможи сокот од лимон заедно со содата да навлезе во пукнатините и да ги острани бактериите.

2. Неколку совети за кафето

За сите оние што сакаат да експериментираат со кафето и да пробаат нови вкусови, во кафето со млеко може да додадат екстракт од ванила или доколку сакаат поинтензивен вкус, екстракт од бадем или лешник. За да го направите вкусот едноставно неодолив, нанесете на површината малку цимет или мелено мускатно оревче.

Доколку не сакате кравјо млеко во вашето кафе, додадете соино, оризово или пак употребете ја најдобрата замена – кокосово млеко. Ако пак сакате да го засладите со природен засладувач, користете мед или агаве сируп.

3.Од мармалад до сос за салата

Одличен начин за да го збогатите појадокот,а воедно и да ги потрошите последните тегли џем или мармалад е да ги употребите заедно со кисело млеко и гранола.

Кога ќе ја испразните теглата се уште ќе има траги од мармаладот, а за да избегнете да го фрлите тој дел можете да направите одличен сос за вашата салата. Во теглата додадете малку маслиново масло, оцет балсамико и ¼ лажичка сенф. Затворете ја теглата и протресете ја додека сите состојки не се соединат и полејте врз свежо подготвена салата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби