Ајвар: Домашен или не едноставно не можеме без него

Има ли некој што живее тука, а не сака ајвар? Особено кога е штотуку приготвен, па со стрв можеме да си го намачкаме на парче леб и на тоа да додадеме сирење или пак маслинки. Ммм звучи вкусно нели?

Некои со нетрпение ја очекуваат ајвар сезоната, за да отидат до најблиското пазарче, да ги купат потребните состојки и да се фрлат на работа. Други пак, немаат толку време за подготвување и играат на сигурна варијанта, купувајќи си по некоја тегла од продавница.

За оние кои си се по старото добро традиционално и домаќинско подготвување, ги предлагаме следните два рецепти кои можете да ги прочитате со едноставно кликнување на линковите:

Направете го највкусниот ајвар од кој секој ќе сака тегла

По рецепт на баба: Најдобар домашен ајвар без грешка

Доколку пак сте од оние кои сакаат да испробаат нешто ново и вкусно со ајвар, тогаш топло ви препорачуваме да ги приготвите следните мини погачи со сирење.

Потребни состојки:

  • 5 лажици ајвар
  • 250гр путер
  • 400гр брашно
  • 300гр сирење
  • 1 печиво
  • 2 јајца

Начин на подготовка:

Во голем сад ставете ги сите состојки, а по потреба може да додадете уште брашно. Тестото треба да биде меко и малку лепливо.

Оставете го да отстои во фрижидер околу половина час, а во меѓувреме загрејте ја рерната на 200°С. Откако тестото ќе се олади развлечете го на дебелина од 1см на површина на која пред тоа сте ставиле малку брашно.

Со чаша „сечете“ облици во вид на топчиња, а потоа ставете ги топчињата на масна хартија за печење. Доколку сакате, може да ги намачкате одозгора со ајвар или да ставите уште малку рендано сирење. Печете ги во рерна околу 15-20 минути, додека не заруменат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби