ЛЕСНО И ПРАКТИЧНО

Dave’s Kitchen советува: Практични совети за вкусни печива

Многумина од нас уживаат и се релаксираат додека готват. Оваа недела Давор од Dave’s Kitchen за вас има нови 3 совети кои ќе ви помогнат во кујната, особено кога приготвувате вкусни печива. 

Затоа прочитајте и фатете се за работа.

1.Искористете го максимумот од путерот

Времето станува сè поладно, па најдобриот начин да се забавувате додека сте во кујната е да приготвите вкусни печива. Кога печете некој колач, мафини или торта, тавата треба да биде премачкана со путер или масло за јадење. Доколку во рецептот ставате путер, хартијата во која е спакуван путерот се уште има траги од путер кои се доволни за да го премачкате тавчето. Со оваа техника избегнувате да се извалкате.

2.Користете масло за да не се лепи медот

Доколку во рецептите се бара да користите мед, путер од кикирики или пак јаворов сируп, секогаш садот во кој ги мерите состојките премачкајте го со неутрално масло за јадење. Оваа постапка ќе ви овозможи ништо да не се залепи на садот, а воедно да добиете  прецизната мерка.

3.Користете состојки на собна температура

Секогаш кога готвите направете план и состојките оставете ги на собна температура барем 30 минути пред готвењето. Ова особено важи кога се работи за состојки како путер, јајца и млеко. Овие состојки мора да бидат на собна температура бидејќи стегнатиот путер никогаш нема  добро да се измати и да се инкорпорира со јајцата ниту со млекото. Со состојки на собна температура секогаш се работи полесно и крајниот резултат е позитивен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби