ВКУСНИ ПЕЧИВА

Dave’s Kitchen: Полжавчиња со сусам и чиа семе

Како секој четврток така и денеска Давор од Dave’s Kitchen со вас споделува рецепт за вкусни вртени кифлички со сусам и чиа семе.
Одлични се за есенските денови кои претстојат.

Потребни состојки:

За тестото:

  • 450 гр. брашно
  • 1 јајце
  • 1 кесичка сув квасец
  • 200мл. млако млеко
  • 100 мл. масло за јадење
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажичка сол

За филот:

  • 1 јајце
  • 250 гр. урда
  • сол по вкус

За премачкување:

  • 1 јајце
  • сусам
  • чиа семе
  • путер 

Начин на подготовка:

Најпрво подгответе го филот на тој начин што во длабок сад ќе ги промешате урдата и јајцето заедно и додадете сол по вкус.

За кифличките замесете меко и глатко тесто од брашното, сувиот квасец, шеќерот, солта, маслото за јадење, млекото и јајцето. Оставете го тестото да стаса околу 90 минути на собна температура. Тестото размесете го на набрашнета работна површина и поделете го на 12 еднакви делови. Секој дел расукајте го во елипсовидна форма и поставете го хоризонтално каде во горниот дел ќе ставите од филот, а на долниот дел ќе пресечете реси. Виткајте ја кифличката започнувајќи од филот кон ресите и на крајот превиткајте ја во форма на полжав.

Вака подготвените кифлички ставете ги во тавче обложено со хартија. Покријте ги со кујнска крпа и оставете ги повторно да стасаат околу 40-45 минути. Премачкајте ги со јајце, нанесете мали парчиња путер на секоја од кифличките и завршете со сусам и чиа семе. Печете на 180 степени околу 15тина минути.

За повеќе рецепти од Давор, погледнете на неговата FB странa Dave's Kitchen



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби