ГОТВЕТЕ ВО ЧИСТА КУЈНА

Dave’s Kitchen советува: Совети за помалку неред во кујната

Готвењето може да предизвика големо задоволство, но и голем неред во кујната. Оваа недела Давор од Dave's Kitchen има нови 3 практични совети кои ќе ви помогнат за тоа како да имате почиста кујна додека подготвувате вкусен оброк.

1. Како да ги измиете загорените тави

Изгорените тави се најголемата ноќна мора во кујната. Не само што мирисаат непријатно, изгорениците можат да ја направат тавата неупотреблива за следно користење. Постои начин тоа да биде решено со користење на неколку состојки кои сите ги имаме во кујната. Во загорената тава ставете млака вода, 2 лажички сода и неколку капки сјај за миење садови. Сите овие состојки заедно ставете ги на рингла за да зовријат. Кога повторно течноста ќе биде доволно млака за да можете да ракувате со неа со помош на жица за миење исчистете ги загорените делови од тавчето.

 2. Подгответе ги состојките претходно

Доколку можете да подготвите нешто предвреме – подгответе го тоа. Тоа не само што ќе ви помогне да направите помал неред во кујната туку ќе го намали и стресот за тоа дали ќе постигнете да ги завршите сите работи одеднаш пред да дојдат гостите. Подгответе ги мафините, чиниите и наместете ја трпезата ден-два пред настанот. Автоматски со овој чекор, ќе допринесете за помалку неред во кујната.

3. Чистете додека чекате

Додека чекате колачот да се испече или додека чекате кромидот да омекне, искористете го тоа време за претходно да ги измиете садовите кои веќе се извалкани. За да заштедите вода, на страна во длабок сад ставете вода и сјај за садови каде што ќе ги заплакнувате садовите при секое користење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби