СОЧНО И ВКУСНО

Dave’s Kitchen: Штрудла со вишни

Оваа недела од кујната на Давор и Dave's Kitchen имаме супер вкусен и сочен рецепт за штрудла со вишни.


Потребни состојки:

  • 8 кори за баклава
  • 150 гр. растопен путер
  • 700 гр. вишни
  • 3 лажици густин растворен во
  • 3 лажици студена вода
  • 2 стапчиња цимет за мирис
  • 370 гр. шеќер
  • 4 лажици лебни трошки
  • јајце за премачкување

Начин на подготовка:

Варете ги вишните со шеќерот и цимет стапчињата околу 15-20 минути. Додадете го густинот промешајте уште 5 минути на оган. Покријте со хартија за свежа храна и оставете комплетно да се излади. 

Подгответе два ролата од по четири кори.

Земете 4 кори и низ секоја премачкајте со растопен путер и пропрскајте со лебните трошки (2 лажици). Ставете пола вишни со многу малку од течноста. Свиткајте ролат и ставете го во плех претходно обложен со хартија за печење. Истото направете го и со другите 4 кори за да подготвите уште еден ролат. 

Премачкајте ги ролатите со изматено јајце, растопен путер и пропрскајте со шеќер. Печете околу 15-20 минути на 190-200 степени, додека не добијат убава златно-кафена боја.

Послужете ги додека се топли со шеќер во прав. За повеќе рецепти од кујната на Давор, посетете ја неговата ФБ страница Dave's Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби