Храна што ќе го спречи опаѓањето на косата

Опаѓањето на косата му се случува на секого во некој дел од животот, а на тоа влијаат фактори како животниот стил, но и исхраната. Намаленото внесување на хранливи материи преку храната придонесува за опаѓањето преку ослабувањето на врвовите на влакната што предизвикува бавно растење на нови влакна.

Ова може потенцијално да се запре со правилна исхрана. Еве што е потребно да внесувате за поздрава коса:

1) Витамин А

Адекватен внес на овој витамин помага за промовирање на растењето и здравјето на клетките и ткивата во целото тело, вклучувајќи го скалпот и косата. Него го има и во растителните и во животинските извори, како што се црвените, жолтите и портокаловите овошја, зеленчуците како што е морковот и темно зелените лиснати, црниот дроб, рибиното масло, јајцата, и зајакнатото млеко.

2) Витамин Б6, Б12 и фолна киселина

Сите овие три Б витамини се од суштинско значење за нормалното формирање на хемоглобин, кој го носи кислородот од белите дробови во ткивата низ телото, вклучувајќи ја и косата. Здравата и силна коса е зависна од константна испорака на крв и кислород, а недостатокот од овие витамини може да се спореди со прекинување на дотокот на воздух до косата. Ова води до зголемено опаѓање на косата, нејзино оштетување и бавно растење. Најдобар извор на Б6 и Б12 витамините е храната богата со протеини како месото, кокошката, риби, јајца, свинско и соја. Растителни извори богати со нив се лиснатите зеленчуци, авокадото, цвеклото, брокулата и сл.

3) Витамин Ц

Витаминот Ц е заслужен за создавање на колаген, конективното ткиво кое дава структура држејќи ги ткивата во телото споени, како што се и ткивата во косата. Човечкото тело не е способно да го складира овој витамин подолг временски период, така што е потребно секојдневно да се внесува храна богата со него, како портокал, лубеница, пиперки, темно зелени лиснати зеленчуци, домати, и разни бобинки.

4) Цинк

Опаѓањето на коса и првутот се состојби поврзани со недостаток на цинк – минерал кој промовира репродукција на клетки, растење на ткива и нивно лечење/поправање. Тој исто така функционира во одржувањето на жлездите кои лачат масло, прицврстени за фоликулите на косата. Најдобрите извори на цинк се од животинско потекло како морската храна, школките, ракчињата и остригите, како и живината. Растителните продукти како оревите, семињата и мешунките содржат цинк, но во форма која тешко се апсорбира во телото.

5) Протеин

Без адекватен внес на протеин, нашето тело не може ефикасно да создава нови влакна да ги замени оние кои отпаднале. Храната богата со масти (како бифтекот, свинското месо и др.) резултира со зголемено ниво на тестостерон, кое е поврзано со опаѓањето на косата. Потребно е да се внесува риба, кокошки, продукти од соја, немасни сирења, јајца, бадеми, грав, и јогурт.

6) Вода

Правилната хидратација е клучниот фактор за доброто здравје и здравата коса, и секоја клетка во секој систем во нашето тело ја користи за да правилно функционира. Исто така, партиципирањето во модерните диети кои ветуваат брзо слабеење (што скоро секогаш е поврзано со јо-јо ефектот и повторно враќање на уште поголема тежина) предизвикува дисбаланс во телото, што резултира со забрзано опаѓање на косата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби