ВКУСНО И БРЗО

Брзи идеи за појадок во канцеларија

Појадокот е најважниот оброк во денот, па пожелно е да не го прескокнуваме.

Некои експерти советуваат дека многу е поважно да се појадува одколку директно да се префрлиме на ручекот, било да е тоа освежителен смуди напиток или чинија полна со гранола. Доколку сте во тотален хаос и преполни со обврски, имаме одлични и практични идеи за тоа како да подготвите вкусен појадок за помалку од 15 минути.

1. Подгответе смути напиток

Смутито не мора да го испиете веднаш откако ќе го направите доколку го подготвите на правилниот начин. За да го спречите оксидирањето на другите состојки потребно е да додадете сок од лимон. Оваа постапка е важна за да го спречите потемнувањето на блендираното овошје како и губењето на голем број витамини кои се неопходни за правилно функционирање на организмот.

2. Имајте гранола за појадок во чинија

Гранолата е одлична идеја за појадок доколку сте оптоварени со тон работа и не можете да излезете на пауза од вашето работно место. Се што треба да направите е да истурите гранола во чинија и додадете кравјо или растително млеко и појадокот е спремен за уживање.

3.Подгответе aмерикански палачинки

Наутро практикувајте да станете 15 минути порано за да подготвите здрав оброк за во канцеларија. Подгответе си американски палачинки со интегрално брашно кои се одлични во поглед на транспорт и се совршени како и топли така и изладени и консумирани час-два по нивната подготовка.

4. Подгответе салата

Сакате здрав и брз оброк кој ќе го подготвите од вечер за да го консумирате следното утро? Киноа салатата е одличен рецепт за вас. Не само што ќе јадете здрав и вкусен оброк полн со зеленчук, туку и ќе заштедите на време бидејќи се се случува во еден сад, се мешаат состојките и појадокот е подготвен.

5. Едноставни и вкусни коцки

Овие коцки се енергетска бомба, кои не бараат многу време за да ги подготвите. Се што треба да направите од вечер е да измешајте овес, суво овошје со мед и изблендирани урми, да оставите во ладилник да се стегне и следното утро имате совршен оброк кој ќе ви даде енергија успешно да ги завршите работните обврски во текот на денот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Трпе, зошто татко ти денес беше на училиште?
- Учителката го викна за да се жали од мене.
- И што стана?
- Е па ништо, учителката ми кажа сега да ја викнам мајка ми, за да се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1221.- Роден е кастилијанскиот крал Алфонсо X...
1531.- Во Капела заврши граѓанската војна во...
1555.- Во Хемниц умре Георг Бауер - Агрикола,...
1831. - Штрајкот на лионските ткајачи прерасна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби