Магичен рецепт за топло-ладно

Кога се двоумите дали е подобро да подготвите топол или ладен десерт, можете да направите комбинација и од двете.
Десертот топло-ладно е изводлив и за оние кои не поминуваат доста време во кујната, а за негова подготовка ќе ви бидат потребни половина час и неколку намирници.

Магијата на чоколадна лава што тече кога ќе се отвори топлото колаче буди сензуални чувства, а нема да останете рамнодушни и на неодоливиот вкус кој го има.

За љубителите на ладниот десерт следи огромна топка сладолед која го прави овој рецепт извонреден.

Потребни состојки:

120 грама чоколадо за готвење
120 грама путер или маргарин
100 грама шеќер во прав
2 јајца
2 жолчки од јајца
6 лажици брашно

Начин на подготовка:

Во поголем сад на оган се растопува путерот на кој му се додаваат коцките од чоколадата за готвење. Откако ќе се растопат, тргнете ја смесата од оганот и додадете ги шеќерот во прав, двете јајца и жолчки од две јајца и брашното.

Мешајте  се додека не добиете густа хомогена смеса, која подоцна ќе ја ставите во калапчиња за мафини или пак чоколадна лава кои претходно ќе бидат премачкани со маргарин.

Потребно е едно калапче да биде наполнето со смесата помалку од неговата половина. Ставете ги калапчињата во рерна која ќе биде наместена на 200 степени и печете ги 7-8 минути.

Откако ќе бидат готови само извадете ги од калапчето и послужете ги со топка сладолед со вкус по ваш избор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби