Dave's Kitchen: Мини тортички со ореви

Оваа недела имаме повторно одличен рецепт од кујната на Давор и Dave's Kitchen.

Феноменални мини чоколадни тортички со ореви е рецептот за кој убедени сме дека ќе ви се допадне.  

Потребни состојки:

За филот:

  • 300 мл. млеко
  • 400 гр. шеќер
  • 200 гр чоколадо
  • Розен кори 
  • 200 гр мелени ореви
  • 300 гр. мелени бисквити
  • 1 лажичка рум
  • 250 гр. путер

За чоколадната глазура:

  • 100 гр. чоколадо за готвење
  • 3 лажици масло за јадење

Начин на подготовка:

Најпрво сварете го млекото со шеќерот, тргнете го на страна и додадете ги путерот и чоколадото.  Оставете малку да се излади, па додадете ги мелените ореви и бисквити заедно со румот. По желба додадете кора од портокал.

Наредете една кора во тавче и нанесете 1/7 од филот. Постапката повторете ја додека не го потрошите филот и корите. Ставете го тавчето во ладилник околу 3 часа со даска за да тежи врз корите.

Растопете го чоколадото за готвење заедно со маслото за јадење и промешајте додека не добиете убава растопена чоколадна глазура. Прелијте ја глазурата врз целиот колач и оставете да се стегне уште 10-15 минути во ладилник.
Со загреан нож пресечете ги мини колачињата во посакуваната форма.

Доколку ви се допадна овој рецепт погледнете ги и:

Dave's Kitchen: Есенска пита со јаболка.
Dave's Kitchen: Плтена штрудла со џем
Dave's Kitchen: Пита со јаболка



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби