АРОМАТИЧЕН ЕСЕНСКИ ДЕСЕРТ

Подгответе превкусен куглоф со јаболка

Се што ни треба оваа есен е одличен куглоф со арома на цимет и јаболка. Причина повеќе да ја вклучиме рерната и да уживаме во домашно подготвен рецепт.

Потребни состојки:

  • 4 јајца

  • 120 мл. масло за јадење

  • 240 гр. растопен путер

  • 350 гр. шеќер

  • 120 мл. вода

  • 1 лажичка екстракт од ванила

  • 320 гр. брашно

  • 1 лажичка сол

  • 2 лажички прашок за печиво

За јаболките:

  • 750 гр. јаболка

  • 50 гр. шеќер

  • сок од 1 лимон

  • 1 лажичка цимет

Начин на подготовка:

Најпрво исечкајте ги јаболката на тенки парчиња. Во длабок сад промешајте ги заедно со шеќерот, циметот и сокот од лимон. Во длабок сад со жица за матење изматете ги јајцата заедно со маслото за јадење, растопениот путер, екстрактот од ванила и водата.

Додадете го шеќерот и промешајте. Додадете ги измешаните брашно, сол и прашок за печиво и повторно добро промешајте за да ги соедините сите состојки заедно.

Убаво премачкајте тавче за печење куглоф и додадете ¼ од смесата од куглофот. Потоа додадете 1/3 од исечканата јаболка, па повторно ¼ од смесата за куглофот и се така додека не ги потрошите јаболката и смесата, завршувајќи со смесата за куглофот.

Печете го куглофот во загреана рерна од 160 степени околу 60-70 минути. Оставете комплетно да се излади и декорирајте со шеќер во прав.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби