Нема ништо подобро од тоа да уживате во елегантен десерт, добро друштво и вкусна шолја чај или кафе.
Оваа недела Давор од Dave’s Kitchen го има совршениот рецепт за вакво уживање. Се што ви е потребно е помалку од половина час и друштво за комплетна забава.
Потребни состојки:
- 250 г лиснато тесто
- 4 лажици џем од кајсии
- 2 јаболкa ситно исечкани
- цимет
- жолчка за премачкување
- шеќер
Начин на подготовка:
Расукајте го лиснатото тесто и со нож обележете го на краевите за да при печење да може се подигнат. Сепак, не го сечете тестото комплетно туку само нежно ќе поминете за да направите линија.
Премачкајте го внатрешниот дел со џем од кајсии и наредете ги јаболката како на фотографијата. Нарусете со кристален шеќер и цимет и страните премачкајте ги со жолчка. Печете на 200 степени околу 15 минути.
Сервирајте ја питата топла или ладна.
Повеќе рецепти можете да пронајдете на Dave's Kitchen.