Оваа недела имаме еден одличен празничен рецепт од кујната на Давор и Dave's Kitchen.
Вкусни и ароматични колачиња со бадеми и портокал - комбинација која одлично одговара со шолја чај или утринско кафе.
Потребни состојки:
- 180 гр. растопен путер
- 250 гр. ситно сечкани бадеми
- кора од 1 портокал
- 1 лажица екстракт од ванила
- 120 гр. шеќер
- 8 лажици брашно
- 1 јајце
Начин на подготовка:
Сите состојки ставете ги во длабок сад и соединете ги. Оставете ја целата смеса да се стегне околу 30 минути во ладилник. Со помош на лажиче ставете од смесата во тавче обложено со хартија. Печете на 160 степени околу 10-12 минути. Оставете комплетно да се изладат и одозгора прелијте со растопено чоколадо.
*Доколку краевите премногу потемниле, можете со помош на чаша да оформите округло правилно колаче.
За повеќе рецепти посетете го Dave's Kitchen.