Леб од штурци - нов деликатес во Финска

Една од најголемите фински компании кои произведуваат храна почнала да продава нешто што вели дека досега никој друг не го понудил – леб од инсекти.

Според компанијата, една векна содржи околу 70 исушени домашни штурци, сомелени во прав и додадени во брашното. Овие штурци пораснати на фарма претставуваат 3% од севкупната тежина на лебот.

За да се подобри вкусот, лебот е крцкав, вкусен и полн со хранливи материи, и е одличен извор на протеин како и масни киселини, калциум, железо и витамин Б12 кои што ги содржат инсектите.

Инаку, финските закони биле сменети на 1-ви ноември за да се дозволи продажба на инсекти како храна.

Сега засега ваквиот леб ќе се продава само во најголемите фински градови, бидејќи сè уште нема доволни количини од брашното од штурци за тоа да биде овозможени низ целата земја.

Инаку, во Швајцарија, ланецот супермаркети „Куп“ (Coop) почнал да продава бургери направени од инсекти во септември, а слични производи можат да се најдат и во Белгија, Англија, Данска и Холандија.

Организацијата за храна и земјоделие на Обединетите Нации ги има промовирано инсектите како извор на храна за луѓето, бидејќи се здрави и богати со протеини и минерали, а многу типови инсекти создаваат помалку гасови штетни за околината и амонијак од повеќето добиток, а побаруваат помалку земја и пари за култивирање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби