Dave’s Kitchen: Празничен чоколаден куглоф

Оваа недела имаме еден поинаков празничен десерт - куглоф со многу чоколадо.

- Оваа верзија дефинитивното е победничка во однос на секоја друга што досега ја имам подготвено, вели Давор од Dave's Kitchen.

Потребни состојки:

  • 250 гр. путер на собна температура

  • 200 гр. шеќер

  • 6 јајца

  • 1 лажичка екстракт од ванила или 1 пакетче ванилин шеќер

  • 350 гр. брашно

  • 1 лажичка сол

  • 1 лажичка сода бикарбона

  • 250 гр. кисела павлака

  • 150 гр. црна чоколада растопена

  • 150 гр. бела чоколада растопена

За глазурата:

  • 200 гр. темна чоколада

  • 150мл. млеко

  • 1 лажичка екстракт од ванила

Начин на подготовка:

Во миксер измешајте ги путерот и шеќерот заедно. Матете околу 5-6 минути додека путерот не се соедини со шеќерот и не стане пенест. Едно по едно, додадете ги јајцата, убаво промешувајки при секое додавање. Додадете го и екстрактот ванила.

Брашното, солта, пецивото и содата измешајте ги на страна во еден сад и во смесата со изматените јајца и путер додадете половина од сувите состојки. Потоа додадете половина од киселата павлака и завршете со втората половина од сувите состојки и киселата павлака.

Осигурајте се дека убаво ќе ја изматите содржината при секое додавање. Добиената смеса поделете ја на половина во два сада. Во едниот сад додадете растопено црно, а во другиот растопено бело чоколадо.

Chocolicious 😍😍😍

Posted by Davor Panchevski on Saturday, 3 December 2016

Премачкајте го калапот за куглоф со путер и набрашнете ја целата површина. Додадете од двете смеси со помош на алатка за сладолед. Со помош на нож направете нежни движења за да ги промешате црниот и белиот фил.
Печете го куглофот околу 45 минути на 170 степени.

Кога ќе биде комплетно изладен прелијте го куглофот со чоколаден сос кој можете да го подготвите на тој начин што во тавче на оган  ќе ставете да се загрее млекото. Кога ќе дојде пред оној момент за да врие додадете раскршено чоколадо и тргнете од оган. Измешајте убаво додека не се растопи комплетно чоколадото и одозгора на куглофот нанесете од чоколадната глазура.
Декорирајте со сецкани или мелени ореви.

За повеќе креативни, вкусни и брзи рецепти посетете ги ФБ профилите на Давор и Dave's Kitchen.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби