Брзо и вкусно: Крем од бело чоколадо

Одличен период од годината кога можеме да уживаме во вкусот на чоколадото, а да немаме грижа на совеста.

Лесен рецепт кој со сигурност ќе ги воодушеви гостите и ќе донесе едно големо браво за оној кој го приготвил.



 Потребни состојки:

  • 350 гр. пандишпан
  • 100 мл. лимончело или ликер по ваш вкус
  • 2 парчиња маракуја или 1 киви, ситно исечкано
  • 50 гр. кокос

За кремот со бело чоколадо :

  • 370 мл. млеко
  • 120 мл. слатка павлака
  • 50 гр. кафеав шеќер
  • 350 гр. квалитетно бело чоколадо
  • 7 жолчки

За кремот од ванила:

  • 600 мл. слатка павлака
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 50 гр. шеќер во прав
  • кора од 2 лимона

Начин на подготовка:

За да го подготвите кремот од бело чоколадо, во тенџере на оган ставете го млекото, слатката павлака и белото чоколадо да се загреат. Промешувајте се додека не се растопи белото чоколадо. Додадете ги жолчките со постојано промешување и тргнете од оган. Додадете го шеќерот и промешајте додека да се растопи.

Целата смеса преминете ја преку сито за да ги тргнете сварените делови од жолчките. Ставете го кремот во чист стаклен сад, покријте го со хартија за свежа храна и оставете да се излади убаво преку ноќ во ладилник.

Следниот ден, искршете го пандишпанот во еден голем длабок сад или во индивидуални чаши за сервирање.
Врз пандишпанот ставете од кокосот и полејте половина од ликерот, кората од лимон и половина од ситно исечканото киви.

Врз овошјето ставете од кремот од бело чоколадо, а врз него кремот од ванила кој ќе го подготвите така што слатката павлака ќе изматите заедно со ванилата и шеќерот во прав. Декорирајте со преостанатата кора од лимон и исечкано киви.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби