Dave's Kitchen: Посни пиварки

Во чест на Божиќните пости Давор од Dave’s Kitchen за вас подготви посен десерт кој и те како ќе ви се најде за дочекот за Новата година или пак за Бадниковата вечер. Тој препорачува посни пиварки кои се многу лесни за подготовка. 

Потребни состојки:

  • 3 филџани масло за јадење

  • 1 1/2 филџан пиво

  • 500-600 гр. брашно

  • 1 лажичка полна прашок за печиво

За шербетот:

  • 3 филџани шеќер

  • 3 филџани вода

Начин на подготовка:

Маслото и пивото загрејте ги на оган и оставете да вријат околу 5 минути. Тргнете на страна и изладете ја целата смеса. Додадете го брашното и прашокот за печиво и замесете тесто. Формирајте ги пиварките по ваша желба. Можете да додадете во еден дел од тестото какао за да добиете црни пиварки.

Печете ги во намастени тавчиња околу 15-20 минути на загреана рерна од 180 степени. 

Состојките за шербетот ставете ги во тенџере на оган и оставете смесата да зоврие околу 5 минути По желба додадете лимон и ванила. Полејте врз изладените пиварки од врелиот шербет.  При презентација нарусете мелени ореви или кокос врз пиварките.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби