Диети кои не треба да ги применувате после празниците

Заедно со празниците доаѓа и непосакуваната прекумерна тежина. Секогаш после Божиќ решавате да започнете диета и да ставите крај на лошите навики, но најчесто не сте толку решителни и упорни во намерата.

Утехата ја наоѓате во диетите на славните личности кои секогаш изгледаат фантастично без оглед на празниците.

Во прилог прочитајте ги диетите кои воопшто не треба да ги испробате, бидејќи првенствено не се здрави, а некои од нив го имаат т.н. јојо ефект, што значи дека за краток временски период се враќаат килограмите кои што сте ги изгубиле.

1. Веганска диета базирана на сирова храна



Стинг, Гвинет Палтроу и Меган Фокс се познатите личности кои што се следбеници на оваа диета. Иако предноста на свежата храна е голема, сепак постојат зеленчуци кои не може да се консумираат свежи или пак нивната нутритивна вредност е поголема доколку бидат зготвени, како компирот, морковот итн. Оваа диета на краток рок нема некакви несакани дејства по вашето здравје, но доколку не се балансира на долг рок може да ви наштети.

2. Алкална диета



Том Брејди и Сара Фергусон се едни од поддржувачите на оваа диета. Тие веруваат дека доколку се јаде повеќе алкална, а помалку кисела храна тоа значи дека ќе се промени Ph вредноста во човековото тело, ќе дојде до балансирање на крвниот притисок и ќе се намали ризикот од било какви заболувања. Сепак, истражувањата покажуваа дека практикувањето на оваа диета не значи дека ќе имате поздраво тело и тело кое ќе ги намали килограмите. 

3. Кетогена диета



Ким Кардашијан, Хали Бери, Ријана, Метју Меконахи и многу други познати личности се фанови на оваа диета. Првичните несакани ефекти од диетата може да опфатат ниско ниво на енергија, намален вид, проблеми со спиењето, гадење и др. Добрата страна е тоа што на краток рок можете да изгубите килограми, но тешко е да се регулира тежината и да се држи баланс за на долг рок.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби