Како да го направите највкусното месо полнето со халапењос?

Месото некогаш знае да биде здодевно и суво. Но, кога истото ќе го направите со халапењо полнење кое се приготвува со сирење што се топи додека се приготвува, несомнено се знае кое јадење ќе биде главен победник на  вашата трпеза.



Потребни состојки:

За месото:

500 грама мелено говедско месо
2 матени јајца
2 шољички трошки од леб
1 лажичка сол
1 лажица бибер
1 лажица сечкан магдонос

За кремот:

2 шољички крем сирење
3 исечкани халапењос
1 шољичка изрендано чедар сирење
1 лажичка сол
1 лажичка лук во прав
1 лажичка бибер



Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени.
Во голем сад помешајте говедско мелено месо, трошки од леб, јајца, магдонос, сол и бибер. Добиената смеса поделете ја на два еднакви дела.

Откако ќе го направите тоа ставете го едниот дел од смесата во калап за печење на кој ќе ја притиснете средината од месото, а страните добро ќе ги обликувате со помош на вашите прсти.

Во друг сад помешајте крем сирење, со 1 лажичка сол, пола лажиче бибер, чедар сирење, лук во прав и халапењос.
Добиената смеса од другиот сад ставете ја во средишниот дел од првата смеса на формираното месо. Откако добро ќе ја размачкате ставете ја над неа и втората смеса на месото и ставете го да се пече.

Печете го 40 минути на температура од 180 степени. Откако ќе го извадите за да има поубав вкус пожелно е да го премачкате месото со barbecue сос и да го допечете дополнителни пет минути.

Пријатен апетит!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби