Dave`s Kitchen советува: Како до поздрава исхрана после празниците?

Очигледно е дека сите малку се опуштивме за празниците и внесовме калории повеќе од вообичаеното, но чистењето на телото не мора да значи строги диети и строг режим на исхрана.

Давор од Dave's Kitchen има одлични совети за тоа како да се балансира со тоа што ќе обрнуваме повеќе внимание на тоа што внесуваме и од кои состојки ни се составени дневните оброци.

1. Внимавањето на исхраната не значи откажување од сè  

Секаде се пропагираат здрави навики после празниците, повеќе овошје исклучување на млеко и млечни производи.... Внимавањето на начинот на исхрана не значи да се префрлите комплетно на растителна храна и да заборавите на лебот и слатките работи.

На пример наместо крем салата со мајонез, подгответе ориз со испечено пилешко во зачини и сос од лимон со свеж зеленчук. Подгответе печена или панирана риба,  но наместо бело користете пченкарно брашно.

Подгответе безглутенски леб со пченкарно брашно или за појадок подгответе здрава палента со пармезан или свеж зеленчук. Подгответе здрави бомбици од цело суво овошје кое ви останало од празниците. Додадете само мелени ореви или лешници, изблендирајте ги заедно со сувото овошје и имате одлична ужинка во денот која ќе ви ги наполни батериите.

2.Пијте повеќе течности

Тоа што е зима не значи дека на телото не му требаат течности и може да секогаш да биде хидрирано сè додека не дојде летниот период и жешкото време. Напротив, потребно е да се консумира многу вода, чај или пак инфузирана вода која ќе ја приготвите на тој начин што во еден бокал ќе ставите вода и неколку парчиња свежо или замрзнато овошје. Оставете овошјето да ги испушти своите ароми и по желба додадете свежо нане, босилек или рузмарин.

Не само што ќе го хидрирате целото тело туку и ќе чувствувате помалку глад, а со тоа и ќе го исчистите целото тело од токсини. Поканете ги пријателите на вечерна седенка, подгответе си чај и не заборавајте наместо шеќер да го засладите со мед.



3. Подгответе смуди за појадок

Знам дека звучи како клише, но навистина појадокот треба да содржи што повеќе свежа и растителна храна. Заменете ги кифличките и „руската“ салата со неколку свежи овошја наутро. Доколку немате услови или пак време да подготвите свежо исцеден сок или смуди, јадете цели плодови јаболко, банана, мандарини...Сè она што е актуелно за оваа сезона.

Не само што ќе ве засити смудито туку и ќе ви даде свежина која ви е потребна за да бидете доволно ведри и инспиративни за да ги завршите работните обврски.




Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби